Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

19.04.2004

Суспендираниот Митрополит полошко - кумановски г. Кирил денес иако беше уредно повикан, повторно не се јави на судското рочиште во врска со обвинението против него. Обвинет е за неколку противканонски дела: соучество во убиство, служење во област под јурисдикција на друг епископ без негова дозвола и за живеење надвор од местото на неговата црковна јурисдикција.

Ова е веќе втор пат како суспендираниот Митрополит Кирил не се јави на црковен суд и ако и двата пати беше уредно повикан. Со тоа се исполнети сите канонски услови во колку не се јави на третото закажано рочиште да биде суден во отсуство.

Православната Охридска Архиепископија како канонска Црква која за своите судски решенија одговара пред сите останати сестрински Цркви, мора да ги почитува каноните кои се општо прифатени од Православните Цркви и да постапува по нив. Така, не може да се случи во судењето на еден Митрополит да се прекрши канонската постапка и потоа, тоа да биде причина решението од судот да не биде прифатено од другите помесни Цркви.

Македонската Православна Црква која е во раскол со сите Православни Цркви во светот може да си дозволи да не ги почитува кононските постапки при судењето, па дури и да суди надвор од каноните. Нивните одлуки и решенија и вака и така никој во светот не ги почитува, освен државните власти во Р. Македонија (и покрај тоа што Црквата и државата според Устав се оддвоени). Нивниот Синод му судеше на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот велески и повардарски и егзарх охридски г.г. Јован без да го повикаат на судско рочиште, без да му достават обвинение и без да му дозволат да се брани. А да не зборуваме што покрај тоа што се расколници и немаат право да судат, го немаа ниту потребниот број на 12 епископи колку што е неопходно за да се суди еден епископ.