Известување
Заради подолго време недостапност на ѓаконот Еразмо Бранковски од Куманово, повеќе од четири месеци, поточно заради намерно негово неодговарање на телефонските повици како лично од надлежниот Архиереј, така и од персоналот на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска, на овој начин, преку гласилото на Службениот билтен на Православната Охридска Архиепископија, го повикуваме гореименуваниот ѓакон да се јави во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола да го подигне Укорот со кој нему му е изречена дисциплинска казна согласно чл. 54 од Уставот на Православната Охридска Архиепископија.