Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија распишува:

за упис на кандидати во средно богословско училиште за учебната 2004/2005г година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

1. да се православни христијани
2. да завршиле осумгодишно училиште со одличен успех
3. да имаат развиен слух и глас за пеење
4. да имаат основни познавања од катихизисот на Православната Црква
5. да се душевно и телесно здрави
6. да не се постари од 18 години
7. да не се женети

Молбите се поднесуваат на адреса:

Православна Охридска Архиепископија
ул. Кочанска 2/23
БИТОЛА 7000

или преку електронска пошта: arhiepohrid@t-home.mk

Во молбата да се наведе за кое средно богословско училиште е заитенресиран кандидатот, бирајќи помеѓу училиштата во: Србија, Грција, Русија, Бугарија, или Албанија.

Крајниот рок за прием на молбите е 1-ви август 2004г., а контролниот испит за добивање на благослов за упис ќе биде на 13-ти август 2004г. во просториите на Православната Охридска Архиепископија во 12ч. Контролниот испит ќе се состои во испитување на познавањата за верата и моралот, како и проверување на гласовните способности на кандидатите.

На денот кога ќе се одржи контролниот испит, кандидатите со себе да носат:

1. свидетелство за свето крштение
2. свидетелства од 5-8мо одделение
3. лекарско уверение
4. писмена согласност од родителите за тоа дека се согласни кандидатот да се запише во средно богословско училиште

Сите оние кои со успех ќе го положат контролниот испит стануваат стипендисти на Православната Охридска Архиепископија и нивното школување ќе биде бесплатно.

Телефон за контакт: 047-222810.

Од канцеларијата на
Светиот Архијерејски Синод
на Православната Охридска Архиепископија