Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија распишува:

за упис на кандидати за студирање Богословски факултет за академската 2004/2005г година.

Право на конкурсот имаат кандидати од православно вероисповедание кои завршиле најмалку 4 годишно средно училиште.

Контролниот испит за добивање благослов за упис на некој од Богословските факултети во: Србија, Грција, Русија, Бугарија или САД ќе се одржи на 25 јуни 2004г. во 12ч. во просториите на Православната Охридска Архиепископија. Испитот ќе се состои во испитување на познавањата за верата и моралот, странските јазици, како и проверување на гласовните способности на кандидатите.

Краен рок за поднесување на молбите е 24 јуни 2004г., а истите можат да се поднесат на адреса:

Православна Охридска Архиепископија
ул. Кочанска 2/23
БИТОЛА 7000

или преку електронска пошта: arhiepohrid@t-home.mk

На денот кога ќе се одржи контролниот испит, кандидатите со себе да носат:

1. свидетелство за свето крштение
2. оригиналнални свидетелства од сите класови на средното училиште кое го завршиле, како и свидетелство дека завршил најмалку 4 годишно средно училиште
3. лекарско уверение

Телефон за контакт: 047-222810.

Од канцеларијата на
Светиот Архијерејски Синод
на Православната Охридска Архиепископија