Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Светиот Архиjерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија на својата редовна седница одржана на 06/23 Мај/Април 2005г., ја донесе следнава:

Одлуката АС бр.50/зап.7 од 15 септември 1967г. донесена од Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква, а во врска прекинувањето на секое богослужбено и канонско општење со јерархијата на расколничката верска организација во Р. Македонија, Православната Охридска Архиепископија ја проширува и над народот кој останал во религиозна врска со споменатата расколничка организација. Секој кој паднал во ерес или себе си се издвоил во парасинагога и со тоа направил црковна схизма останува во безблагодатното подрачје кое е надвор од Црквата и не може да има потполно општење со едната католичанска и апостолска Црква.

Оваа одлука се донесува заради пастирска потреба на верниот народ на Православната Охридска Архиепископија како би можел полесно да ја направи разликата помеѓу благодатното подрачје на Православната Црква и безблагодатното на парасинагогата подигната во Р. Македонија која своеволно останува во раскол со соборната Црква насекаде во светот.

Се замолува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот велески и повардарски и Егзарх охридски г.г. Јован, со оваа одлука да го запознае Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква и да му препорача истата да ја прифати.


Одлуката да се достави до:

-Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот велески и повардарски и Егзарх охридски г.г. Јован

-Сите епархијски Архијереји на Православната Охридска Архиепископија

-Архивата на САС на ПОА х2


За Претседател на Светиот Архијерејски Синод
Е П И С К О П
+Јоаким полошко-кумановски