Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија на својата редовна седница одржана на 16/03. 08. 2004 г., откако утврди дека е поминат рокот за жалба на расчинетиот Митрополит полошко - кумановски, после утврдувањето дека споменатата епархија е упразнета, ја донесе следнава:

Досегашниот Епископ велички и местобљустител полошко - кумановски г. Јоаким се поставува за Епископ на упразнетата катедра на полошко - кумановската света Епископија со титула Епископ полошко-кумановски, со сите права и должности на надлежен епархиски архијереј. Се задолжува Претстоителот на Светиот Архијерејски Синод, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот велески и повардарски и егзарх охридски г.г. Јован, кога ќе најде за сходно да ја закаже интронизацијата на Епископот полошко - кумановски г. Јоаким на катедрата на полошко - кумановските Епископи.


Одлуката да се достави до:

- Митрополитот велески и повардарски и егзарх охридски г.г. Јован

- Епископот полошко – кумановски г. Јоаким

- Канцеларијата на полошко - кумановската Епископија

- Службениот весник Црква - за да се објави

- Архива на ПОА х2

Претстоител на Светиот Архијерјски Синод
на Православната Охридска Архиепископија
М И Т Р О П О Л И Т
+Јован велески и повардарски и егзарх охридски

достоверно на оригиналот
Секретар на Светиот Архијерејски Синод
Давид игуман