Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Потекнувајќи од територија која е евангелизирана од апостолско време и носејќи го преданието на Источната Православна Црква од многу векови наназад, имајќи преемство на свештената благодат Божја која никогаш во историјата не запрела да се предава, а согласно на Согласноста постигната во Ниш, во мај 2002г. со која на Православната Охридска Архиепископија и се дава најширока црковна автономија (АС бр.38/зап.16 од 23 мај 2002г.) и одлуката на Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква за поставување на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот велески и повардарски г. Јован за егзарх на Архиепископот пеќки и Патријарх српски за сите епархии на Православната Охридска Архиепископија (АС бр.3/зап.9 од 23 септември 2002г.), како и одлуките на Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква за избор на Нивните Преосвештенства, Епископите Јоаким Велички и местобљустител полошко - кумановски и Марко Дремвицки и местобљустител битолски за помошни Епископи на Митрополитот велески и повардарски г. Јован (АС. бр.81/зап.166 и АС. бр. 82/зап.167 од 23/10 мај 2003г., како и Син.бр.2822/зап.1556 од 12 декември 2003г.), Ние, своерачно долупотпишаните Епископи, повикани на Собор согласно 34 - тото Апостолско правило и 9 - тото правило на Антиохијскиот Собор од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот велески и повардарски и егзарх на Архиепископот пеќки и Патријархот Српски, на ден 25/12 декември 2003г. во манастирот Св. Јован Златоуст во с. Нижеполе кај Битола се согласивме да се конституира Свет Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија и за негов предстоител го избравме Митрополитот велески и повардарски и егзарх охридски г. Јован.

Дадено во Православната Охридска Архиепископија на ден 25/12 декември 2003г.

+ Јован Митрополит велески и повардарски и егзарх охридски

+ Јоаким Епископ велички и местобљустител полошко - кумановски

+ Марко Епископ дремвицки и местобљустител битолски