14.02.2010
На Сретение Господово, Архиепископот Јован служеше во параклисот „Св. Нектариј Егински“, во Скопје
На Сретение Господово кое заради тоа што оваа година паѓа на Чист Понеделник се преместува во Сирната недела, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во храмот „Св. Нектариј Егински“, во Скопје.
Старешината на храмот свештеникот Борјан Витанов и целото настојателство на храмот, од името на сите верници, а по повод враќањето на Архиепископот од двогодишно прогонство му подарија енколпија и надбедреник.