Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

свети Нектариј Егински

Вечно тебе ти благодариме, Богоблагодатна,
Породот твој Божески величајќи Го, Пречиста;
Спаси нè нас, семилостива Дево блага,
В`часот кога отчетот наш ќе се испита.

Усмртен бев, пиејќи од отровот на гревот,
Та кон тебе поитав спасение да измолам;
На Животот закрилнице, ти Дево сечесна,
С`моленијата твои слугата свој возживи го.

Од твојата девствена утроба, Дево сечиста,
Сонцето Незаодно на земјата нам ни изгреа;
И нè избави нас смртните од прелест идолска,
Та со Неговите лачи и мене сега озари ме.

Девствна утроба, Христе Спасе, Си населил,
Богочовечно во светот Се јави, Владико,
Непреложно, неслеано, вистински, о Човекољубче;
Со Мирот Свој гоштевајќи ги достојните верни.

Ти, пак, се јави Храм на Несместивиот, Себлажена;
Та и мене стори ме храм на Божеската Му благодат
По молитвите твои кон Бога, Пречиста Дево,
Умолувајќи – запази ме неиспоганет, ти Пречиста!

препев од грчки: Игор Радев