Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Свет Архиерејски Синод на
Српската Православна Црква
број 16/04
12 Јануари 2004 година
Белград

До
Господинот Борис Трајковски
Претседател на Република Македонија
Скопје

Почитуван Господине Претседателе,

Известени сме дека вчера, на 11 Јануари 2004 г., во Битола се притворени Митрополитот Велеско-повардарски и егзарх Охридски г. Јован, Епископот Дремвицки и Битолски г. Марко, заедно со игумените и монахињите на Охридската Архиепископија и тоа само затоа што се молеле на Бога во приватен стан.

Вие знаете дека таков тип на насилство немало ниту во поствоените комунистички времиња на најлутото гонење на Црквата. Сигурни сме дека како човек којшто припаѓа на една неправославна исповед, малцинска во Македонија, го разбирате ваквиот однос кон луѓето што веруваат како крик на насилството, како против Божјите такa и против човечките закони. Со газење на елементарните човечки и верски права не се оди ниту кон Бога ниту во демократска Европа.

Оттука, од Вас, како разумен државник и христијанин, очекуваме да му ставите крај на овој прогон на Митрополитите Јован и Марко, како и на другите со нив притворени и истите итно да бидат осободени од судското гонење и да бидат пуштени на слобода. Секое продолжување на ваквото и слично тормозење на невини луѓе претставува срам за Република Македонија.

Слободни сме да додадеме дека овие Ваши сограѓани не прават ништо друго, туку го следат она што во Ниш го потпишаа тројцата митрополити на МПЦ, и што е признато во сите Православни Цркви. Треба да се каже и дека на ваков брутален начин не се решева прашањето на статусот на Православната Црква во Македонија, туку уште повеќе се усложнува на штета на македонската држава и народ. Уверени сме дека тоа никој разумен не го посакува, па ниту Вие.

Нашата Патријаршија е подготвена и отворена за дијалог како единствен христијански пат за решавање на ова и на другите црковни проблеми во република Македонија, со целосно почитување како на македонскиот народ, така и на македонската држава. Во тој дух и нашиот Свет Архиерејски Синод пред некое време му се обрати на г. Црвенковски, премиерот на Вашата Влада, барајќи со него состанок на двајца наши епископи – Митрополитот Црногорско-приморски г. Амфилохиј и Епископот Бачки г. Иринеј. На тоа писмо, за жал, уште не сме добиле одговор. Со ова изразуваме подготвеност истите двајца епископи да се сретнат со Вас, доколку благоизволите во што поскоро време да ги примите за истото прашање.

Очекувајќи од вас заштита на елементарните верски и човекови права како и повикот за прием на двајцата наведени епископи, остануваме со почит,

Архиепископ пеќки
Митрополит белградско-карловачки и
Патријарх српски
+Павле