Од печат излезе најновиот број на The Orthodox Word, периодика на извесниот калифорниски манастир „Свети Герман Аљаски“, којашто ова издание го посветува на, затворениот заради верата, Блаженејши Архиепископ охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и на канонската Црква во Р. Македонија, на којашто тој е претстоител - Православната Охридска Архиепископија.
Манастирот „Свети Герман Аљаски“, Платина, Калифорнија, по својата дејност е еден од попознатите православни општежитија, не само во Соединетите Американски Држави, но ширум Православието. Во тој манастир, во минатиот век се подвизуваше и блажено се упокои, на американскиот континент равноапостолниот иеромонах Серафим (Роуз). Во спектарот на богатата манастирска издавачка дејност (види sainthermanpress.com), мошне значајно место завзема и периодиката The Orthodox Word, којашто започнува да се печати со благослов на светиот Јован Максимович, Архиепископ и Чудотворец Битолски, Шангајски и Сан Франциски.
The Orthodox Word е една од најпознатите православни периодики, особено во распространетото англиско говорно подрачје.
Најновиот, штотоку публикуван број на The Orthodox Word (Nos. 242 -243), со наслов Исповедник на 21-иот век (A 21st-Century Confessor), е посветен на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и Православната Охридска Архиепископија.
Носечкиот наслов на периодиката: Исповедник на 21-иот век, претставува пообемен текст за историјата на Христијанството во Македонија, за расколот и неговото исцелување, за жестокиот прогон од страна на државата врз Архиепископот г.г. Јован и Православната Охридска Архиепископија. Текстот е напишан од братството на манастирот „Свети Герман Аљаски“. Тука, во превод на македонски јазик пренесуваме фрагменти од сочинението на калифорнискиот општежителен манастир: Исповедник на 21-иот век, како и од интервјуто со игуменот Давид (Нинов), за истиот број на периодиката The Orthodox Word. Двата, пак, текста ги публикуваме во целост на англиски јазик.
Исповедник на 21-иот век
Неговото Високопреосвештенство ЈОВАН, Архиепископ Охридски и Митрополит скопски: ЗАТВОРЕНИК ЗА ВЕРАТА
Од братството на „Свети Герман Аљаски“
Кога удираат на пастирот, очекуваат
овците да се разбегаат,
но Црковната историја е парадоксална — колку повеќе е гонета
Црквата, >толку повеќе следбеници добива.
— Архиепископ Јован[i]
1. Вовед
На 26 Јули 2005 год., Неговото Високопреосвештенство Јован, Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски, започна со отслужувањето на двеипол годишната затворска казна во Бившата Југословенска Република Македонија (БЈРМ)[ii]. Еден месец пред тоа, второстепениот суд донесе нижостепена одлука со којашто беше прогласен за виновен за „поттикнување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“. Реално, власта го затвори заради стапување во заедница со Православната Црква. Според веб сајтот на Православната Охридска Архиепископија, Архиепископот Јован е „единствениот исповедник на верата кој, во современа Европа, е осуден и затворен заради своите верски убедувања.“...
7. Затварањето на Архепископот Јован
...По апсењето на Архиепископот Јован во Јануари 2001 год., судот го осуди на притвор од триесет дена зарди служење на Божествената Литургија, пишување на текст во црковниот календар и предлагање на Патријархот Павле на имиња на двајца монаси за да бидат ракоположени во епископи[iii]. Според судот, сите овие дела предизвикувале национална, верска и расна омраза. Во Август, истата година, првостепениот суд во Битола го осуди Неговото Високопреосвештенство на осумнаесет месеци затвор. Во неговата завршна изјава на судењето Неговото Високопреосвештенство изјави:
Под ниту еден услов, па дури и под уште поголем притисок од страна на властите во Р. Македонија нема да ја предадеме својата вера, православна христијанска, и во тоа Господ нека ни е на помош…
Евангелието на коешто му служам како Епископ, на секаде во светот е познато дека шири љубов, мир и единство… истото учи на еден краен максимализам, да ги љубиме дури и непријателите. Тоа била мојата програма на работа од првиот ден на моето стапување во свештенички чин, тоа ќе биде и до последниот. Ви тврдам дека дури и да ме затворите или осудите на смрт, јас ќе му останам верен на Евангелието и нема да се откажам од она коешто го проповедам и живеам, но во тоа што го проповедам и живеам исто така тврдам дека нема распалување на омраза или нетрпеливост од било кој вид.[iv]...
[i] Branko Bjelajac, “Macedonia: Archbishop to be Jailed,” Forum 18 News Service [http://www.forum18.org/Archive.php?article_id=593].
[ii] Throughout this article we will usually refer to FYROM as either Macedonia or the Republic of Macedonia and the people of FYROM as Macedonians. This should not be construed as a statement on the ongoing controversy over the proper title of FYROM; it is merely intended as a convenience for our readers.
[iii] These monks were eventually consecrated to the episcopate in 2003. Bishop Joakim of Polog and Kumanovo and Bishop Marko of Dremvitza and Adminstrator of Bitola continue to serve the Ohrid Archdiocese during Archbishop Jovan’s imprisonment.
[iv] For the Kingdom to Come, p. 588.
21st Century ConfessorОд интервјуто со игуменот Давид за The Orthodox Word
Прашање: На што ве научи прогонот заради Христовата Црква? Која е вашата порака до верните во овие тешки времиња?
Одговор: Имам на ум многу работи. Сепак, јас лично би го нагласил поимањето на Бога како родител. Еден татко знае кога да го пофали или искара своето дете. Бог ни ја дава и есента и пролетта во духовниот живот. Бог го допушта сево ова во нашиот живот, така што додека нî омудрува според мерата на нашиот раст во Христа, ние живееме во духот на радоста, а не во мрачен, апокалиптички дух. Како што вели Апостолот, овде немаме постојанен град, но го бараме оној што ќе дојде (Евр. 13:14).
Ваквото доживување на Бога, логично, води до потполно отсуство на очајание или малодушност. Нпротив, човек е секогаш подготвен за нов почеток, секогаш подготвен да каже: Мој Христе, овде сум, Ти се враќам!
Прашање: Имаше ли некој можност скоро да го види Архиепископот Јован? Во кои услови е моментално затворен?
Одговор: Забрането ни е да го посетуваме во затвор. Дури ни беше и забрането да му однесеме Света Причест. Режимот не му дозволи да си го понесе Светото Писмо со себе во затвор, а му ја соблекоа и мантијата. Бидејќи мантијата му е како кожа, еднаш реков дека ова е како да му ја одрале кожата. За погребот на неговиот скоро упокоен татко, затворот му дозволи само дваесет и четири часа на слобода, иако во дуги случаи на смрт во семејството на затворениците им се даваат најмалку три дена. Му се одбиваат и викенди на слобода. Со еден збор, Македонските власти спроведуваат верска дискриминација не само надвор, туку и во затворите.
Која би била вашата порака до нашите англиски читатели?
Одговор: Бог е Љубов. Тој не е себичен, и врз основа на моето сосема скромно искуство, знам дека Тој секогаш меѓу луѓето си бара соработници во Своите дела, како видливи, така и невидливи. Мислам дека најголемиот и предизвик најдостоен за пофалба за секој човек, за сите луѓе, е да речат: Зошто ние да не бидеме народот кој Христос ќе го најде! Секако, во Православната Црква, според зборовите на еден епископ, покрај воздухот, а дишеме и слободата која ни е дадена од Третата Ипостас на Единосушната Троица: Светиот Дух.
Interview with Abbot David