Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

11.03.2009

Бидејќи Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован беше споменат од расколничкиот митрополит австралиско-новозеландски Петар, на неговата конференција за печатот, пренесена деновиве на вестите на некои од средствата за информирање, а во контекст дека се фотографирал со г. Ицо Најдовски од Австралија, соопштуваме дека е тоа груба невистина и фотомонтажа.

Имено, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, од 2002 год,, кога почнаа прогоните врз неговата личност, нема отидено во Австралија и нема остварено средба со г. Ицо Најдовски на австралиско тло, освен во 2003 год., кога г. Ицо Најдовски го посети во Ставропигијалниот Манастир „Свети Јован Златоуст“, кога му даде интервју за Македонското радио во Австралија, но во таа пригода не беа направени заеднички фотографии.

Тоа значи дека споменатиот расколнички митрополит г. Петар свесно ја лаже јавноста со направена фотомонтажа. Не е првпат расколничкиот митрополит Петар да изјавува лаги и невистини, не само пред средствата за информирање, туку и во судовите, како во Р. Македонија така и во Австралија.

Инаку Архиепископот охридски г.г. Јован, којшто се среќава со многу официјални и неофицијални лица, многупати на средбите со нив бива фотографиран и тие фотографии биваат објавувани во јавноста. Во тој контекст не би имал ништо против да се фотографира и со г. Ицо Најдовски, но заради правилно информирање на јавноста и заради побивање на лагата објавена од расколничкиот митрополит г. Петар, го изјавивме претходното.

Од Канцеларијата на Архиепископот охридски и Митрополит скопски