Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

25.07.2006

Во врска со нагаѓањата кои се вртат во јавноста дека божем Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован ја напуштил Р. Македонија за да ја избегне затворската казна, известуваме дека тоа воопшто не е точно, Архиепископот Јован се наоѓа во Р. Македонија и е на лекување. Денес го извести судијата за извршување на санкции и управникот на затворот на КПУ Идризово дека не ја одбегнува казната и дека сам ќе се јави во затвор за десетина дена или поточно на 08 Август 2006г.

Неговото Блаженство има дископатија и големи болки во грбот така што не може ниту да стои простум ниту во седечка положба да патува. Единствено само заради тоа и бара одлагање на затворската казна за десетина дена.

Од Канцеларијата на
Православната Охридска Архиепископија