Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

И радост и тага солзата ти крие,
и како сите тајни во неа да се збиле,
воздишки безброј, но и надеж стамна,
сепак, Христос ја победи смртта.

Љубовта твоја за вечност ме роди,
зашто така вистинската љубов раѓа
на колено твое, аз, буки и веди ги учев,
и уште како дете крстот од тебе го примив.

Не жалам што со Христа твој и јас на крстот сега висам
зашто претходно токму тебе таму те видов,
во распната љубов за своето чедо,
како Христовата за животот на светот.

Крстоносец без солзи не можеш да бидеш,
зашто крстот и болка и тага носи,
но во тие солзи, о мајко, радост ти гледам,
зашто сепак знаеш: Христос ја победи смртта.


Петровденски пост 2006г.
Кога властите во Р. Македонија
претат со ново политичко затварање

Архиепископ охридски и Митрополит скопски
+ Јован