Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija
→ оригинал

ПАТРИЈАРХ СРПСКИ

Пбр. 172
24. мај 2005. година
во Белград

П О Т В Р Д А

за избор на Неговото Високопреосвештенство
Митрополитот велески и повардарски
Господин ЈОВАН
за Архиепископ охридски и Митрополит Скопски,
Претстоител на Светиот Архијерејски Синод на
автономната Православна Охридска Архиепископија и Поглавар на истата

НИЕ

по милоста Божја Архиепископ пекќи,
Митрополит белградско-карловачки и
Патријарх српски

Врз основа на точка 5. од Согласноста за воспоставување црковно единство, потпишана во Ниш на 17. мај 2002. лето Господово и потоа одобрена од Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква (АСбр.38/зап. 16 од 23. мај 2002. година), и Извештајот на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот велески и повардарски Господин Јован, Нашиот Егзарх за сите православни Епархии на Православната Охридската Архиепископија, бр. 41. од 2. март 2004. лето Господово, заради конституирањето на Светиот Архијерејски Синод на споменатата Архиепископија и изборот за Претстоител Светиот Архијерејски Синод на истата, со ова официјално го

П О Т В Р Д У В А М Е

изборот на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот велешки и повардарски Господин Јован, Нашиот во Христа возљубен брат и сослужител и досегашен Егзарх на автономната Охридска Архиепископија, за Архиепископ охридски и Митрополит скопски, Претседател на Светиот Архијерејски Синод на Охридската Архиепископија и Претстоител на истата.

Следствено објавуваме и даваме до знаење дека, после оваа Наша потврда, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски Господин Јован е канонски и законски Претстоител на Охридската Архиепископија, автономна Православна Црква во рамките на Српската Патријаршија, и дека сите треба како таков да го признаваат и уважуваат, а богољубивиот клир и народот на Охридската Архиепископија со љубов да го слуша и следи како свој Првојерарх.

Архиепископ пекќи
Митрополит белградско-карловачки
и Патријарх српски
+Павле