Извесниот професор по Христијанска етика, од белградскиот Богословски факултет, отец Давид (Перовиќ), по повод теророт, којшто од страна на расколничката МПЦ и властите на Р. Македонија се спроведува врз Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован и врз припадниците на Православната Охридска Архиепископија, и конкретно, по повод неправедното и после политички монтирани судења, затворање на Архиепископот г. г. Јован, една од своите познати песни „Краток запис за убивањето“ му ја посветува на Архиепископот г. г. Јован.
монах Давид (Перовиќ)
Краток запис за убивањето
на Блаженејшиот Архиепископ охридски и Митрополит скопски г. г. Јован
Цару на царството небесно, не презирај ја покајницата на вајните1 ми очи:
тие Тебе Те бараат – јазикоогненообразна надеж на сиот свет –
да ги возведеш на небесата неонебесените,
и посетиш уште од постанокот нечуените ближноубијци,
додека нечујните и погазените секогаш да ги тешиш, Утешителу.
Сегдеприсутен, вдоми ги туѓевните по дар,
нив напој ги со силата на Твојот мир и самиот омили им на сите, Жизнодателу.
Сокровиште неукрадливо, со кроткоста вообличи не,
обрачи не паки2 со доброта и на сите омили не, мил Духу и Боже.
Дојди и всели се во наследството Твое,
дојди и изгони ги темнините од еднаш родените од светлина,
дојди, со рачение3 повикај ја Скопска,
а Охридска и секоја миомирисна страна утврди ни ја нам денес, Благи.
Приклони не од браќата небраќа и од душите на душегубците секакви
и очисти не од секаква нечистотија.
Уште, кон избраното стадо приброј ги
Троице, Небесен Пастиру наш, Духу на нашите души.
Нека пресекне плодјето на хедонизмот,
нека ги зафати срам меѓу нас поклониците на оваа пустопасност.
Отповеќе беше насилното богување, отповеќе залудното зборување,
та затоа само нашето збегување4, нашето туѓо утренување
Духу на Вистината просветлувај го довека достојанието Твое
утопено во размрачен свет;
крепи го него скрушениеот, скршениот, впепелениот.
Со Твојот жезол, начелство и слава
да се порази угнетувачот, да заблагоуха страстникот,
да се стопли и удобри манитиот5.
Покајанието паки низведи го на наследството Твое,
да не би му додеало на добро да мисли, добро да говори, добро да дела,
со бестрасност ливанејќи6 го својот мал патнички (при)стан.
О Тебе Седобар, со Отецот и Синот негов крепко да се отимаме,
Црквата жива да ја соградиме, та неа за ближна да би ја имале, доблеста да ја прославиме,
образ и печат истоветен по дар врз нас бранејќи ја.
Време е праведно и страотно на злото да се разгневиме, не грешејќи.
Освен тоа и никако не грешиме, не се огрешуваме
та подоснежниот зијан7 наш и потирање да не би ни биле поголеми од досегашниот
и се така до
судниот век, Господи, Господи.
[1] вајан (срп.) – безволен, јадосан, тажен, нажален
[2] паки (цркв. сл.) – пак, повторно
[3] рачение (цркв.сл.) – љубов, утеха
[4] збјег (срп.) – засолнување на безбедно место
[5] манит (грч. маниа - лудост) – скоро луд, будалест
[6] ливанејќи – исполнувајќи се со пријатен мирис (ливан – миризливо дрво).
[7] изворно „зарар“, а преведено како „зијан“. Значењето на двата збора е - штета, загуба.