18.06.2018
Соопштение по повод прославата - 1000 години Охридска Архиепископија
На својата седницата од 18-ти Јуни 2018 год., Светиот Архиерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија одлучи, прославата, по повод јубилејот: 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија, да биде одржана на 30-ти Септември 2018 год., во Ставропигијалниот манастир „Свети Јован Златоуст“, Битола.
На прославата ќе биде поканет Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј и претставници на сите помесни православни цркви.