Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Од 4-ти до 8-ми Октомври 2006 год., во Белград се одржа редовното заседание на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква.

Заради затворањето на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован, на Соборот учество зедоа и членовите на Светиот Архиерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија, Епископот Полошко кумановски г. Јоаким и Епископот брегалнички и местобљустител битолски г. Марко.

Епископот брегалнички и местобљустител битолски г. Марко пред Светиот Архиерејски Собор го изложи известувањето во врска со затворањето на Архиепископот г. г. Јован.

„Изразувајќи, со причина, надеж дека, за разлика од претходната, новата власт во Р. Македонија ќе има многу повеќе чувства за човечките права и верските слободи, и дека нема да ја повтори праксата на монтираните судски процеси и политички прогон врз Архиепископот Јован и останатите припадници на Охридската Архиепископија, Соборот апелира до македонските судски власти, повторно – според совеста, а не според усните инструкции „одозгора“ – да го разгледа случајот, да го ослободи Архиепископот Јован од незаслужената казна, и да ѝ даде правен легитимитет на Охридската Архиепископија. Тоа би бил цивилизиран и демократски чин, како и израз на добра волја за црковниот спор да се реши со дијалог, без влијание на вонцрковни чинители. Со тоа и односите на двата братски народи и понатаму би се негувале и продлабочувале.

Соборските отци повторно му вознесоа молитва на Бога за да ги просветли носителите на црковниот раскол во Р. Македонија и да ги упати на патот на црковното единство и братската љубов во Христа“, стои во Соопштението од работата на Соборот, објавено на интернет страницата на Српската Православна Црква.