рубрика: вести
22.03.2023
На денот на споменот на светите 40 севастијски маченици Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола
На денот на споменот на светите 40 севастијски маченици, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше Литургија на претходно осветените дарови и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.
рубрика: вести
19.03.2023
Во Крстопоклоната недела, Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола
Во Крстопоклоната недела, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола.
рубрика: вести
17.03.2023
Архиепископот Јован ја прочита третата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола
Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован ја прочита третата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола
рубрика: вести
15.03.2023
Архиепископот Јован служеше Претходноосветена Литургија во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола
Во средата од третата седмица од Светата Четириесетница, Негово Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше Литургија на Претходноосветени дарови, во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола.
рубрика: вести
12.03.2023
Архиепископот Јован богослужеше во Будимпешта
Во втората недела од Великиот пост, посветена на Светиот Григориј Палама, со светата архијерејска Литургија во храмот Свети Великомаченик Георгиј во Будимпешта, началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, во сослужување со епископот домаќин, Неговото Преосвештенство Епископот будимски г. Лукијан од Српската Православна Црква и свештенство од Епископијата Будимска и од Православната Охридска Архиепископија.
На крајот на светата Литургија, Преосвештениот Владика Лукијан го поздрави Блаженејшиот Архиепископ Јован и му се заблагодари за благословот што го донесе со своето доаѓање во будимската Епархија. Владиката Лукијан ги истакна непроценливото значење и историската улога на Архиепископот Јован во борбата за единството на Црквата.
Архиепископот Јован срдечно му се заблагодари на Епископот Лукијан за поканата, а потоа со собраниот народ ги сподели своите впечатоци за состојбата во будимската Епархија. Архиепископот Јован, исто така, му се заблагодари на верниот народ за љубовта и за молитвената поддршка, а потоа на сите им подели икони на Светиот Еразмо Охридски.
рубрика: вести
11.03.2023
Архепископот охридски г.г. Јован во посета на Епархијата будимска
Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован на покана од Неговото Преосвештенство Епископот будимски г. Лукијан, ја посети будимската Епархија на Српската Православна Црква.
Архиепископот Јован пристигна во Будимпешта во петок, 10 март, каде што, во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј беше пречекан од епископот домаќин, Неговото Преосвештенство г. Лукијан.
Во саботата, на вториот ден од посетата, Амбасадорот на Р. Србија во Унгарија г. Иван Тодоров, организираше прием за Неговото Блаженство Архиепископот Јован во просториите на амбасадата. На средбата Неговата Екселенција г. Иван Тодоров го истакна непроценливото значење на историскиот настан на воспоставувањето на канонско единство помеѓу Српската Православна Црква и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и ја нагласи клучната улога на Архиепископот Јован во процесот на помирувањето.
По текот на попладневните часови, истиот ден, Архиепископот Јован ја посети Соборната црква во Сентедре, каде што Епископот Лукијан го запозна со историските и сегашните прилики во кои функционира будимската епархија во Унгарија.
Во Сентандре Архиепископот Јован се сретна и со Високопреосвештениот Митрополит будимпештански г. Иларион (Алфеев) од Руската Православна Црква со кого беа разменети мислења и искуства од пастирските предизвици на Православната Црква во светот денес.
Во вечерните часови, Неговото Блаженство го одржа најавеното предавање на тема „Современото христијанство засновано на вредностите на Преданието“ во просториите на задужбината Текелијанум, во Будимпешта.
На предавањето присуствуваа амбасадорите на Р. Србија г. Иван Тодоров и Р. Босна и Херцеговина г-ѓа Биљана Гутиќ-Бјелица, српскиот паркламентарец во унгарскиот парламент г. Љубомир Алексов, свештенство и броен народ.
Предавањето во живо го пренесуваше Телевизија Варош, а во продолжение пренесуваме целосна снимка од овој настан.
рубрика: вести
26.02.2023
Во Сиропусната недела Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола
Во Сиропусната недела, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.
На Литургијата, покрај свештенството од Православната Охридска Архиепископија, сослужуваше и презвитерот Предраг Поповиќ од браничевската Епископија на Српската Православна Црква.
рубрика: вести
19.02.2023
Во Месопусната недела Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола
Во Месопусната недела, кога Православната Црква врши спомен на второто Христово доаѓање и на Страшниот суд, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола.
На Неговото Блаженство Архиепископот Јован му сослужуваше високопреподобниот јеромонах Теологос од келијата Свети Јован Богослов на Керасја, Света Гора, и свештенство од Православната Охридска Архиепископија.