Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

01.11.2018

Во историскиот манастир „Свети Прохор Пчински“, во врањската Епископија, кадешто се наоѓаат чудотворните и мироточиви мошти на овој светител, со бдение и свечена Архиерејска Литургија, беше прославен празникот на светиот Прохор Пчински, познат подвижник од овие простори.

Пред почетокот на бдението, седница одржа и сеправославното друшто „Преподобен Јустин Келијски“. Со седницата претседателствуваше Митрополитот димитријадски г. Игнатиј, а учествуваа Епископите, стобискиот г. Давид, мохачкиот г. Исихиј и домаќинот, врањскиот г. Пахомиј. На сединицата се донесе одлука и се утврдија поединостите за свечено прославување на јубилејот: 40 години од упокоението и 125 години од раѓањето на преподобниот Јустин Келијски, кој ќе биде прославен во Јуни, следната 2019 година.

На свечената Архиерејска Литургијата началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот димитријадски г. Игнатиј, во сослужение на Преосвештените Епископи, брегалничкиот и Местобљустител битолски г. Марко, стобискиот и Местобљустител струмички г. Давид, мохачкиот г. Исихиј и Епископот домаќин, врањскиот г. Пахомиј.

После прочитаното евангелско зачало вдахновено беседеше Епископот брегалнички г. Марко, а на крајот од Литургијата беше направена и свечена литија.

Братството на манастирот за сите присутни приреди трпеза, а во продолжение беше организирана и програма од областа на културата.