Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

22.11.2017

На денот кога Православната Црква го чествува споменот на светиот Нектариј Пентаполски Чудотворец – небесниот покровител на параклисот Свети Нектариј Егински, во Скопје – Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован богослужеше во овој параклис.

На навечерието на празникот беше отслужена празнична Вечерна служба, по која, на молба на верниците од параклисот, Неговото Блаженство Архиепископот Јован одржа предавање со осврт на актуелните црковни случувања во нашата татковина.

На самиот ден на празникот Архиепископот Јован служеше Божествена Литургија, на која, по прочитаното Евангелие, тој му се обрати на насобраниот народ со вдахновена беседа.

По богослужбата, беше приредено послужување, а верните имаа можност да го продолжат разговорот со својот Архипастир.