Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

01.11.2017

Во манастирот „Свети Прохор Пчински“, во врањската Епископија, кадешто се наоѓаат чудотворните и мироточиви мошти на овој светител, денес, со свечена Архиерејска Литургија, беше прославен празникот на светиот Прохор Пчински, познат подвижник од овие простори.

На Литургијата началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот нишки г. Арсениј, во сослужение на Преосвештениот Епископ стобиски и Местобљустител струмички г. Давид и Епископот домаќин, врањскиот г. Пахомиј.

После прочитаното евангелско зачало беседеше Епископот стобиски Давид, а на крајот од Литургијата беше направена и свечена литија.

Игуманијата на манастирот и сестринството за сите присутни приредија трпеза, а во продолжение беше организирана и програма од културата.