Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

06.10.2019

На 6-ти Октомври со свечена Архиерејска Литургија во манастирот Жича започна централната прослава на јубилејот: 800 години автокефалија на Српската Православна Црква.

На Литургијата началствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Иринеј, во сослужување на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и на голем број Архиереји од Српската Православна Црква, како и на Архиерејите од Православната Охридска Архиепископија.

После Литургијата беше приредена трпеза, а веднаш потоа во дворот на манастирот Жича се одржа и пригодна културно-уметничка програма.

Прославата на јубилејот продолжува со литургиско собрание на Косово во Пеќската Патријаршија и со свечена програма во Белград.

Галерија на фотографии од прославата