Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

26.10.2018

Во организација на Иститутот за национална и религиозна проблематика од Тесалоники и Институтот за елинизмот во светот од Месинија, а под патронство на Архиепископот атински и на цела Елада, г.г. Јероним, се одржа еднодневна конференција во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола на тема: Охридската Архиепископија низ вековите. Интересно беше излагањето на почесниот професор на Аристотеловиот Универзитет од Тесалоники, г-динот Атанасиј Ангелопулос со наслов: „Светот на православието низ денешниов геополитички развој”, осврнувајќи се на ситуацијата на Црквата во Украина.

Претходно, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован отслужи Литургија за празникот на Св. вмч. Димитриј чиј спомен според Григоријанскиот календар се совршува токму на овој ден.