Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

14.10.2018

Неговата Светост Патријархот Антиохијски и на целиот Исток г.г. Јован Х, се наоѓа во мирна посета на Пеќската Патријаршија.

По повод неговата посета и празникот на Покривот на Пресвета Богородица, во криптата на храмот “Свети Сава”, во Белград, беше отслужена света патријаршиска Литургија.

На Литургијата началствуваше Неговата Светост Патријархот Антиохијски г. г. Јован Х, во сослужение на Неговата Светост Патријархот Српски г. г. Иринеј.

На Литургијата сослужуваше и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Митрополит скопски г. г. Јован, а сослужуваа и Митрополитите Акрански г. Василиј и Њујоршки и на Северна Америка г. Јосиф, загребачко-љубљански г. Порфириј и Епископот шумадиски г. Јован.

Молитвено присутни беа Епископите: бачки г. Иринеј, врањски г. Пахомиј, ваљевски г. Милутин, стобиски г. Давид, мохачки г. Исихиј и ремезијански г. Стефан.

На Патријархот Антиохијски г. г. Јован Х му беше врачен највисокото одликување на Српската Православна Црква - орденот Свети Сава од прв степен.

Извор: http://spc.rs/sr/saborna_patrijarashka_liturgija_u_hramu_svetog_save_1