Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

14.10.2018

Покровот на Пресвета Богородица, на когошто е посветен параклисот на полошко-кумановската епархија во Куманово, денес беше прославен со Света Архијерејска Литургија.

На Литургијата началствуваше Негово Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким во сослужение на свештенослужители од Православната Охридска Архиепископија и повеќе епрахии на Српската Православна Црква.

После Литургијата, беше поставена трпеза на љубовта за бројните свештенство, монаштво и верен народ.