Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

08.10.2018

На покана од Неговото Преосвештенство, Епископот австриско-швајцарски г. Андреј, на 6 и 7 октомври 2018 год., Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко учествуваше во прославата на празникот на светиот Симон монах, којшто, воедно е и храмова слава на црковната општина на Српската Православна Црква во градот Санкт Гален во Швајцарија.

Во сослужение на свештенослужители од Епископијата австриско-швајцарска, на празничната вечерна богослужба, како и на Литургијата по повод празникот, началствуваше Епископот брегалнички г. Марко, којшто на Литургијата, после прочитаното Евангелие му се обрати на бројниот народ со вдахновена беседа, истовремено честитајќи им ја храмовата слава.

По благословувањето на коливото, за сите присутни беше приредена свечена трпеза.