Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

08.10.2017

На покана на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован во неколкудневна посета на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска беше Неговото Преосвештенство, Епископот захумско–херцеговски г. Григориј со неговата придружба.

Во 18–тата недела по Педесетница, на Литургијата во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, Епископот захумско–херцеговски му сослужуваше на Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и произнесе евангелска проповед.

На крајот од Литургијата Архиепископот му се заблагодари на Епископот Григориј од името на клирот, народот и како и од негово лично име за поддршката која тој сестрано ја дава на Охридската Архиепископија.