Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

01.10.2017

Во неделата, на 1 Октомври 2017 година, во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“, во Шибеник, новонаречениот Епископ далматински г. Никодим го изложи своето исповедање на верата, одговарајќи на прашањата на Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј и на присутните Архијереи.

На Светата Архиерејска Литургија која следуваше, началствуваше Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј, во сослужение на Високопреосвештените Митрополити црногорско-приморскиот г. Амфилохиј и загребско-љубљанскиот г. Порфириј и Преосвештените Епископи: бачкиот г. Иринеј, врањскиот г. Пахомиј, шумадијскиот г. Јован, браничевскиот г. Игнатиј, зворничко-тузланскиот г. Фотиј, милешевскиот г. Атанасиј, горнокарловачкиот г. Герасим, крушевачкиот г. Давид, славонскиот г. Јован, бихачко-петровачкиот г. Сергеј, и Епископите г. Марко брегалнички и Местобљустител битолски и г. Давид стобиски и Местобљустител струмички, од Православната Охридска Архиепископија.

На крајот на службата беше извршен чинот на востоличување на новоракоположениот Епископ во тронот на далматинските епископи. Предавајќи му го архипастирскиот жезол, Патријархот Иринеј му се обрати на Епископот Никодим, потсетувајќи дека пред него стои голема задача: собирање на раштрканото стадо Божјо и обнова на духовниот христијански живот во далматинската епархија.

На службата беа присутни претставници на властите на Р. Србија и Р. Хрватска, високи претставници на римокатоличката црква, како и претставници на јавниот и културниот живот на Хрватска и Србија.