Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

21.09.2020

Светата Митрополија Полјанска и на Килкис од Црквата на Грција, издаде нова книга. Оваа Митрополија ја издаде книгата на Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, со наслов „Уметност и Откровение“ (којашто е магистерски труд на авторот).

Следува испечатената воведна Порака на Високопреосвештениот Митрополит Полјански и на Килкис г. Емануил за книгата, за којашто станува збор:

Книгата „Уметност и Откровение“, на Преосвештениот Епископ стобиски г. Давид од Автономната Охридска Архиепископија на Патријаршијата Српска (еден Архиереј со уверување на Ромеј, нешто што јасно се покажува од неговото благочестиво пребивање во Православното Отечко Предание), на читателите им претставува одредени согледби во однос на уметноста и на православната догма, во периодот од крајот на Втората светска војна до нашиве денови.

Посакуваме овој труд за читателот да претставува поттик да ја испроблематизира и да ја разбере, помеѓу останатото, димензијата на постоењето како продолжување на создавањето, бидејќи човекот е повикан да биде сосоздател на светот, та во продолжение повеќе да се заинтересира за тековната тема на повторното соединување и проникнување на теологијата со уметноста во современата православна мисла.

Со горешти молитви,
† Митрополит Полјански и на Килкис Емануил