Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

15.09.2019

Јубилејите „800 години автокефалија на СПЦ“ и „630 години од основањето на манастирот Туман“, свечено беа прославени во браничевската Епископија.

На 14 Септември, во салата за симпосиони во манастирот Туман беше одржан научно-богословски собир за исхазмот, на којшто со свои предавања настапија поголем број професори од Православниот богословски факултет при Белградскиот универзитет. 

Следниот ден, на 15 Септември беше отслужена света Архиерејска Литургија на којашто началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот пожаревачко-браничевски г. Игнатиј, во сослужение на Нивните Преосвештенства, Епископот милешевски г. Атанасиј и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид.

После Литургијата за многубројните гости, кои беа дојдени за споменатата прослава, а воедно и да се поклонат пред новопросветлениот светител Јаков Тумански, беше приредена манастирска трпеза.