Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

17.09.2017

Новоизбраниот Епископ зворничко-тузлански г. Фотиј беше свечено востоличен на 17 Септември 2017 година во Соборниот храм на Пресвета Богородица, во Бјелине.

На Светата Архијерејска Литургија началствуваше Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј, во сослужение со Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, Митрополитите Порфириј загребачко-љубљански и Хризостом дабробосански и Епископите: Василиј сремски, Никанор банатски, Иринеј бачки, Доситеј британско-скандинавски, Јустин жички, Пахомиј врањски, Јован шумадиски, Атанасиј милешевски, Јоаким полошко-кумановски, Марко брегалнички, Герасим горњокарловачки, Давид крушевачки, Јован славонски, Сергеј бихачко-петровачки, Арсениј нишки и вомировениот канадски Георгиј.

На свеченото востоличување беа присутни и високи претставници на властите на Босна и Херцеговина, како и на Р. Србија, како и многубројни личности од јавниот и културниот живот.

По Литургијата беше организирана трпеза на љубовта.