Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

09.09.2017

Во манастирот на Рождеството на светиот Јован Крстител, во Јасеновац, се одржа централна свеченост по повод Светите новомаченици јасеновачки, кои се празнуваат на 13 Септември.

Свеченоста почна со Света Архиерејска Литургија со која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот смоленски г. Исидор од Руската Православна Црква во сослужение со повеќе Архиејереи од повеќе помесни Православни Цркви.

Од Православната Охридска Архиепископија, на оваа свеченост учествуваше Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко.

По пригодните беседи коишто Архијереите му ги упатија на верниот народ, потсетувајќи ги на потребата да живеат во светлоста на Христовото Евангелие, беше отслужен чин на осветување на славски колач и коливо, а потоа беше приредено послужување за сите присутни.