Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

03.09.2017

Денес, на 03.09.2017, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Хризостом беше востоличен во тронот на дабробосанската митрополија, во соборната црква „Св. Николај Мирликијски“, во Сараево.

На светата Архиерејска Литургија началствуваше Неговата Светост, Патријархот Српски г.г. Иринеј, а нему му сослужуваа Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким од Православната Охридска Архиепископија, и уште 15 Митрополити и Епископи на Српската Православна Црква и на Црквата на Елада.

На востоличувањето беа присутни и високи претставници на властите на Босна и Херцеговина, и на Р. Србија, како и претставници на другите верски заедници во Босна и Херцеговина.

По богослужбата беше приреден свечен ручек, на којшто угледните гости на Митрополитот Хризостом му го честитаа стапувањето на тронот на дабробосанските епископи и му посакаа успех во пастирската дејност.