Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

21.08.2020

При самата нејзина појава, книгата на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, со индикативен наслов „Слобода во затворот“, предизвика големата заинтересираност кај љубителите на пишаната реч од различни професионални аспекти.

Станува збор за раскази напишани во скопскиот затвор Идризово, кадешто Архиепископот охридски г.г. Јован помина безмалку шест години, неправедно политички осуден од злобата на припадниците на расколот.

Споменатата книга доживеа веќе две изданија на српски јазик, а деновиве од печат излезе и на грчки јазик, во издание на светогорскиот Манастир, Великата Лавра Ватопед.

Предговорот за грчкото издание го има напишано токму Игуменот на светогорскиот Манастир Ватопед, Високопреподобниот Архимандрит Ефрем.

Грчкото издание на оваа значајна книга претставува своевидно оддавање признание од страна на монаштвото на Света Гора, на големата жртва, којашто Претстојателот на Православната Охридска Архиепископија, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован ја поднесе за надминување на расколот и воспоставување на единството и канонскиот поредок на Црквата во Северна Македонија.