Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

28.08.2019

Празникот “Пасха на летото”, како што во Православното Христијанство се нарекува Успението на Пресвета Богородица, беше торжествено прославен во сите богослужбени места на Православната Охридска Архиепископија.

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован на навечерието на празникот отслужи вечерна богослужба во манастирот „Успение Богородично“, покрај Прилеп.

На самиот ден, пак, на празникот, Архиепископот г. г. Јован отслужи божествена Архиерејска Литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, во близината на Скопје. После прочитаното евангелско чтение, Архиепископот охридски г. г.  Јован со вдахновена беседа му се обрати на народот, којшто се беше собрал на божествената Евхаристија.

Откако заврши светата Литургија, од страна на сестринството, коешто го празнува Успението Богородично како манастирска слава, за присутните беше подготвена трпеза.

Неговото Преосвештенство, Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким богослужеше во Охрид, во параклисот посветен на Успението Богородично.

Неговото Преосвештенство, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко богослужеше во храмот “Успение Богородично”, во Цирих, Швајцарија.

Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид сослужуваше на повеќеархиерејска Литургија во храмот “Богородица на сите скрбешти радост”, во Сан Франциско, САД, кадешто се наоѓаат моштите на светиот Јован Шангајски.