Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

25.08.2019

Во 10-та недела по Педесетница, во храмот посветен на Усепението на Пресвета Богородица, во Сакраменто, Калифорнија, беше отслужена света повеќеархиерејска Литургија.

На Литургијата началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот бихачко-петровачки г. Сергиј, во сослужение на Нивните Преосвештенства, Епископот захумско-херцеговачки г. Димитриј, Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид и Епископот домаќин западноамериканскиот г. Максим.

После прочитаното Евангелие, пред насобраниот народ беседеше Епископот стобиски г. Давид.

После Литургијата беше направена свечена Литија и беше приредена трпеза со свечена програма за сите присутни.