Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

04.08.2019

Во седмата недела по Педесетница, во која се совпадна и денот на споменот на Св. мироносица и рамноапостолна Марија Магдалина, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Пред почетокот на Литургијата Архиепископот го произведе во ипоѓаконски чин студентот на теолошкиот факултет во Белград, Стефан Бранковски.

На овој ден својот именден го слави и настојателката на Ставропигијата монахиња Магдалина.