Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

01.08.2019

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, од печат излезе најновиот број на „Соборност“, периодика на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска.

Насловната тема на овој број (52-54), на „Соборност“, е прославата на јубилејот 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија. На насловната страна е предочена омилијата на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, на прославата на овој јубилеј, а во содржината на периодиката поместен е и текстот на проф. Ангелики Деликари со наслов „1000 години од основањето на Охридската Архиепископија“.

Понатаму, во периодиката следуваат омилиите на Архиепископот охридски г.г. Јован и на Преосвештениот Епископ брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко изговорени на прославата на јубилејот 20 години од хиротонијата во архиерејски чин на Неговото Блаженство Архиепископот Јован, како и други богословски текстови од различни автори.

Во периодиката е отпечатен и краткиот хронолошки преглед на дел од настаните во Архиепископијата, поврзани со Архиепископијата охридска, коишто го одбележаа периодот од минатиот до овој број на периодиката „Соборност“, а за најмладите, како и во претходните броеви, тука е илустрираниот подлисток „Соборко“.

Целата содржина на овој број на периодиката можете да ја видите на следнава адреса: Соборност 52-54.