28.08.2018
Прослава на Успението Богородично во Православната Охридска Архиепископија
За Пасхата на летото, како што во Православното Христијанство се нарекува големиот празник на Успението на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, во сослужение на свештенослужители од Архиепископијата, богослужеше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, во Лагово, Прилеп. За време на богослужбата Архиепископот охридски г.г. Јован го ракопроизведе г. Владимир Барлакоски во чтец.
После прочитаното евангелско чтение, Архиепископот охридски Јован со вдахновена беседа му се обрати на народот, којшто се беше собрал да заедничари во божествената Евхаристија.
Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким богослужеше во параклисот посветен на Успението Богородично, во Охрид.
Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, во Сушица, Скопје, на Архиерејската Литургија началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, кој и беседеше после евангелското чтение. Нему му сослужуваше Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, со свештенослужители од Црквата на Елада и од Православната Охридска Архиепископија.
Во продолжение на светата Литургија, на манастирските слави, за присутните беше подготвена трпеза, а во придружба на кавали, без изведени и изворни, народни песни.