Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

28.08.2017

За Пасхата на летото, како што уште во Православното Христијанство се нарекува големиот празник на Успението Богородично, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован богослужеше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, во Лагово, Прилеп.

На Архиепископот охридски Јован му сослужуваа свештенослужители од Православната Охридска Архиепископија и Српската Православна Црква.

После прочитаното евангелско чтение, Архиепископот охридски Јован со вдахновена беседа му се обрати на народот, којшто се беше собрал да заедничари во божествената Евхаристија.

Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким богослужеше во параклисот посветен на Успението Богородично, во Охрид.

Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, во Сушица, Скопје, на Архиерејската Литургија началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, кој и беседеше после евангелското чтение, а нему му сослужуваше Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, со свештенослужители од Црквата на Елада, од Српската Православна Црква и од Православната Охридска Архиепископија.

Во продолжение на светата Литургија, на манастирските слави, за присутните беше подготвена трпеза, а во придружба на кавали, без изведени и изворни, народни песни.