Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija
→ English

21.08.2017

Американскиот Стејт Департмент неодамна го објави меѓународниот извештај за верските слободи во нашата земја, за 2016 година.

Стејт Департментот, веќе петнаесет години, во своите извештаи ги предочува рестрикциите на верските слободи, кои се однесуваат на Православната Охридска Архиепископија, но и на други верски заедници на сметка на владиното фаворизирање на МПЦ.

И во извештајот за 2016 год., акцентирани се затворските казни за Архиепископот охридски Јован, судските пресуди и процеси против припадници на Православната Охридска Архиепископија, кои сè уште траат, како и одбивањето на регистрацијата на Православната Охридска Архиепископија, за што се води процес во Европскиот суд за човекови права.

Помеѓу останатото, извештајот наведува дека според повеќемина универзитетски професори, лидери на невладини организации, законски и политички аналитичари, верските разлики продолжуваат да имаат улога во кривичните и граѓанските судски постапки, а пример за тоа е токму случајот со државниот прогон, кој се спроведува врз Архиепископот охридски Јован и Православната Охридска Архиепископија.

Извештајот, уште истакнува и дека Хелсиншкиот комитет го прогласи Архиепископот охридски Јован за политички затвореник, како и тоа дека нерегистрирањето на верската заедница претставува кршење на основните човекови права и верски слободи имајќи предвид дека на тој начин, помеѓу сè останато, верската заедница е спречена и да се вклучи во одредени активности, како што се основање на школи или добивање на донации, кои донаторот ќе го ослободат од плаќање на данок.

Ова се проблематичните точки: затворските пресуди и судските процеси против Православната Охридска Архиепископија, само заради нејзината верска различност, како и нејзиното нерегистрирање, кои властите ќе треба конечно да ги видат и со нивното решавање да придонесат за доближување на нашата земја кон демократиите, во кои е срамно и да се помисли некој да биде стигматизиран и државно прогонуван само заради слободниот избор на верската припадност.

Извор: http://www.state.gov/j/drl/rls/irf/religiousfreedom/index.htm?year=2016&dlid=268840