Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

13.08.2017

Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Иринеј, на 13 Август, началствуваше на светата Архиерејска Литургија во Соборниот храм во Ниш, и во таа прилика го воведе Епископот г. Арсениј во тронот на нишките Епископи.

На Литургијата на која беше востоличен Епископот нишки г. Арсениј, на Патријархот г.г. Иринеј му сослужуваа: Епископот белоградчишки Поликарп (Бугарска Православна Црква), Епископот месаоријски г. Григориј (Кипарска Архиепископија), Митрополитите, на Верија, Науса и Камбанија г. Пантелејмон, на Китрус, Катерини и Платамона г. Георгиј, на Неа Крини и Каламарија г. Јустин (Црквата на Елада), како и Архиереите од Српската Православна Црква: загребачко-љубљанскиот г. Порфириј, бачкиот г. Иринеј, жичкиот г. Јустин, врањскиот г. Пахомиј, шумадискиот г. Jован, браничевскиот г. Игнатиј, далматинскиот и избран зворничко-тузлански г. Фотиј, будимљанско-никшичкиот г. Јоаникиј, рашко-призренскиот г. Теодосиј, крушевачкиот г. Давид, славонскиот г. Јован, тимочкиот г. Иларион, а молитвено присуствуваа и избраниот Митрополит дабробосански г. Хризостом, и избраниот Епископ далматински, Архимандритот Никодим.

Од Православната Охридска Архиепископија на Литургијата сослужуваа Нивните Преосвештенства, Епископите, полошко-кумановскиот и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким, и стобискиот и Местобљустител струмички г. Давид, кој и му ги пренесе поздравите и честитките на Епископот нишки г. Арсениј, кои му ги упати Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и митрополит скопски г.г. Јован.

На свеченоста учество зедоа и многубројни свештенослужители од повеќе црковни јурисдикции, потоа, високи претставници на државните власти, претставници на културниот живот и на градската власт на Ниш, на војската и полицијата, како и претставници на Римокатоличката црква.

После востоличувањето, во свечената сала на Соборниот храм беше приредена трпеза за сите присутни.