Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

06.08.2017

На ден 06-ти август 2017 година на светата Литургија во манастирот Милешево, беше востоличен Неговото Преосвештенство, новоизбраниот Епископ Милешевски г. Атанасиј (Ракита).

На светата Литургија чиноначалствуваше Неговата светост, Патријархот српски г.г. Иринеј, а му сослужуваа: Митрополитот загребачко-љубљански г. Порфириј, и Епископите: банатски г. Никанор, жички г. Јустин, Врањски г. Пахомиј, будимљанско-никшички г. Јоаникиј, милешевски г. Атанасиј, рашко-призренски г. Теодосиј и франкфуртски и на цела Германија, а сега новоизбран бихачко-петровачки г. Сергиј.

Од Православната Охридска Архиепископија сослужуваше Неговото Преосвештенство, Епископот брегалнички г. Марко, којшто на нововостоличениот Епископ милешевски му ги пренесе поздравите и честитките од Неговото Блаженсто, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

Во поздравната беседа Патријархот српски г.г. Иринеј му посака плодна и успешна работа на нивата Господова на Епископот г. Атанасиј, воедно, повикувајќи го свештенството и народот да го примат нивниот Епископ како свој отец и да му бидат помошници во остварувањето на спсителната мисија на Црквата.

Епископот Атанасиј, пак, во својата пристапна беседа се заблагодари на сите присутни, истакнувајќи дека програмата на Епископот треба да биде волјата Божја.

По свечениот чин на востоличување за сите присутни беше приредена трпеза во Манастирот Милешево.