Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

19.07.2020

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован литургиски го прослави 22-годишниот јубилеј од неговата хиротонија во Архиерејски чин.

Со запазување на сите мерки, заради постоечката пандемија, на светата Архиерејска Литургија началствуваше и беседеше Архиепископот г.г. Јован, во сослужение на свештенослужители од Архиепископијата и во присуство на верен народ, дојден евхаристиски да заедничари, и да му го честита јубилејот на својот Архипастир.

Во оваа прилика, од суштинско значење е читателите да се потсетат на зборовите, кои Архиепископот г.г. Јован ги изрече при неговата пристапна беседа, нагласувајќи дека целта на неговото епископствување ќе биде: „до последен здив да работам на единството, како на помесната, така и на Црквата во целата вселена“!

Во продолжение, Архиепископот г.г. Јован, визионерски истакнува: „Затоа и најважната должност на Епископот како носител на највисоката служба што може да му биде доделена на човекот од Бога, е должноста да ја воспитува слободата на луѓето, за таа (слободата), да биде изразена како ДА и како АМИН на Бога… Оној кој нема единство со Епископот, постанува секта, партија, која кога ќе се затвори во себе и сопствената програма, останува глува за духовната политика која ја води Црквата, а со тоа го промашува она што би требало да биде највозвишена цел на секоја политика, Царството Божјо… Господ да ми даде благодат и енергии, онака несебично како само што Тој знае, та свештенослужејќи го Словото и принесувајќи му благодарност од сиот народ, да допринесам во единството на Црквата, толку неопходно во ова време на изопачени вредности“.

Оттука, исто така, неизоставно битно е да се истакне дека за време на последниот, од многуте судски процеси, Архиепископот охридски г.г. Јован му нагласи на судијата, којшто го осуди во политички монтиран процес, дека единството на Црквата, за кое, пред Бога се заветил, дека ќе го посвети својот живот, веќе го остварил!

Интегралниот текст на пристапната беседа на следниов линк: https://www.poa-info.org/arhiepiskop/omilii/19980719.html