Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

01.07.2018

Со благослов на Неговото Преосвештенство Епископот австриско-швајцарски г. Андреј, а по повод прославата на празникот Видовден, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко гостуваше во градот Салцбург, Австрија.

На празничната вечерна богослужба, којашто беше отслужена во навечерието на празникот, како и на Литургијата следниот ден, началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички г. Марко, во сослужение на свештенослужители од Цариградската и Српската Патријаршија.

По Литургијата, свештениците при храмот "Покров на Пресвета Богородица" во Салцбург, приредија трпеза за присутните како и богата културно - уметничка програма.

Присутните верници, меѓу кои и доселеници од Р. Македонија, коишто  се црквуваат во канонската Православна црква во Австрија, имаа можност, преку Епископот г. Марко, одблизу да се запознаат со состојбата во која се наоѓа Православната Охридска Архиепископија.