Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

03.07.2017

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, од печат излезе најновиот број на „Соборност“, периодика на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска.

Од содржината на овој број (46-48), на „Соборност“, на насловната страна се предочени текстот на Окружното послание на Светиот и Велик Собор на Православната Црква, кој се одржа на Крит и текстот на Пораката од посочениот Собор, упатена кон православниот род и кон секој човек со добра волја, како и Словото за светиот Климент охридски на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, а во содржината на периодиката застапени се и други текстови од различни автори.

Во периодиката е отпечатен и краткиот хронолошки преглед на дел од настаните во Архиепископијата, поврзани со Архиепископијата охридска, коишто го одбележаа периодот од минатиот до овој број на периодиката „Соборност“, а за најмладите, како и во претходните броеви, тука е илустрираниот подлисток „Соборко“.

Целата содржина на овој број на периодиката можете да ја видите на следнава адреса: Соборност 46-48.