Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

01.07.2017

Во саботата, 1 Јули 2017 год., во Соборниот храм „Св. Димитриј“, во Даљ, во присуство на многуброен народ и свештенство од Епархијата осјечкополска и барањска, беше отслужена Света Архијерејска Литургија и парастос, по повод четириесет дена од упокојувањето на блаженопочинатиот Епископ ојсечкополси и барањски г. Лукијан.

На Литуријата началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, а нему му сослужуваа Преосвештените Епископи: врањскиот г. Пахомиј и умировениот милешевски г. Филарет, како и свештеномонаси, свештеници и ѓакони од Епархијата осјечкополска и барањска и од повеќе други епархии на Српската Православна Црква.

Во текот на Литургијата, со вдахновена беседа, на верниот народ му се обрати Блаженејшиот Архиепископ Јован.

На парастосот којшто следуваше во продолжение, покрај споменатите, чинодејствуваа и Преосвештените Епископи: сремскиот и администраторна осјечкополската и барањската Епархија, г. Василиј и бачкиот г. Иринеј, којшто после парастосот му се обрати на собраниот народ, говорејќи за животот и делото на Епископот Лукијан.