Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

28.06.2019

На покана од Неговото Преосвештенство Епископот нишки г. Арсениј, на 28 јуни, за празникот Видовден, Епископот брегалнички и местобљустител битолски г. Марко, служеше света Архиерејска Литургија во манастирот посветен на Светите Архангели, во близина на градот Прокупље.

На Литургијата сослужуваа свештенослужители од нишката Епархија и од охридската Архиепископија. 

По прочитаното Евангелие на присутните, со пригодна беседа им се обрати Епископот брегалнички г. Марко, а по завршувањето на Литургијата се направи и парастос за сите кои ги дале своите животи на Косово и Метохија во одбрана на православната вера.

Во продолжение, во кругот на манастирот се одржа  и културно уметничка програма на којашто присуствуваа и градоначалници и претставници на војската и полицијата од Топличкиот регион. 

На крајот на прославата, за сите присутни, братството на манастирот, приреди трпеза.