Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

13.06.2019

Во рамките од настаните на 25-та „Павлија“, кои секојдневно се оддржуваат во текот на месецот Јуни, во чест на Светиот Апостол Павле, основачот на веријската помесна Црква, светата Митрополија веријска, на 13 Јуни 2019 г., организираше симпосион на тема: „1000 години од основањето на Охридската Архиепископија. Симпосион посветен на споменот на професорот на Аристотеловиот универзитет во Солун, Антониос-Емилиос Тахиаос (+10 Април 2018 г.).“ 

По покана од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Верија, Науса и Кампанија г. Пантелејмон, на симпосионот, кој се одржа во „Павловиот културен центар“, во Верија, Р. Грција, учествуваше и Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид. Со првиот дел од симпосионот претседателствуваше проф. протопрезвитер Хризостомос Насис, а со вториот проф. Михаил Тритос. 

Епископот стобиски г. Давид настапи со своето излагање на тема: „Охридската Архиепископија како автентичен израз на Ромејството“. Во продолжение настапија професорите: Ангелики Деликари, Михаил Тритос, Анастасиос Танцис, Пасхалис Андрудис и Константинос Нихоритис. На крајот од симпосионот, се одржа разговор во однос на изложените теми.